Оваа недела, партнерите од проектот “Raising Awareness for a Greener Tomorrow” 2023-1-HR01-KA210-ADU-000155794 се состанаа на првиот транснационален состанок во Чаковец! Целта на Еразмус + проектот RAGT е да ги поттикне поединците и заедниците да се стекнат со потребното знаење, вештини и алатки за да ја направат иднината што е можно позелена.
Партнерите од Хрватска (носител на проектот ЧАКОМ и партнер – Отворен граѓански универзитет Чаковец), Словенија (партнер – Народен универзитет Лендава) и Северна Македонија (партнер Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Ванчо Прќе) за време на состанокот се фокусираа на планирање и имплементирање на првичните проектни активности: спроведување истражување за образование за животната средина и практики за управување со отпад во партнерските земји како и развивање на веб страна и интерактивни алатки за промовирање на одржливи практики. За време на состанокот, исто така планиравме и размена на добри практики како и посета на локалното комунално претпријатие. Како дел од ова, имавме и посета на депонија и фабриката за селектирање во Тотовец, каде од прва рака ги видовме и научивме начините на кои ЧАКОМ работи и придонесува за заштита на околината.
Следете не за повеќе информации и престојни вести за нашето зелено патување!