Извештајот за состојбата на справување и управуање со отпад и негово сортирање во Хрватска, Словенија и Северна Македонија, вклучувајќи ги и резултатите од идентификуваните потреби на возрасните ученици во однос на зелени теми и образование за животната средина, се достапни. Можете да ги најдете под „Резултати“.
Извештајот дава сеопфатна анализа на состојбата на управување со отпад и образовните потерби на возрасните ученици во Хрватска, Словенија и Северна Македонија. Спроведеното истражување ги испитува националните системи на управување со отпад во европски контекс, законските рамки, иницијативите за покренување на јавната свест, праксата на управување со отпад во домакинствата, пристапите на одржливо управување со отпад, влијанието на отпадот врз околината и здравјето како и најдобрите практики и технолошки иновации во управувањето со отпад. Анкетата на возрасните ученици нуди увид во нивните нивоа на свест, еколошко свесни практики, интереси за учење, кои видови на учење ги преферираат, мотивација и согледани бариери поврзани со можностите за образование за животната средина. Извештајот служи како основа за развој на последователни образовни ресурси во рамките на RAGT проектот.