Партнерите на Еразмус+ проектот „Подигнување на свеста за позелено утре“ го одржаа четвртиот онлајн состанок. Претставници од Хрватска (носител на проектот ГКП ЧАКОМ д.о.о. и партнер во проектот Народен отворен универзитет Чаковец), Словенија (партнер Лјудска универза Лендова) и Северна Македонија (партнер Центар за доживотно учење Ванчо Прке) се собраа за да дискутираат за следните проектни активности поврзани со развојот на наставни програми за возрасни слушатели, спроведување на пилот работилници и понатамошно континуирано дополнување на дигиталната едукативно-информативна алатка за селекција на отпад.
Досега изработените материјали може да се најдат под „Резултати.“