Skip to content
Почетна » Новости » Одржан петтиот виртуелен состанок на проектниот конзорциум

Одржан петтиот виртуелен состанок на проектниот конзорциум

Партнерите на Еразмус+ проектот „Raising Awareness for a Greener Tomorrow“ го одржаа својот четврти онлајн состанок. На него се собраа претставници од Хрватска (носач на проектот GKP ČAKOM d.o.o. и партнер Pučko otvoreno učilište Čakovec), Словенија (Ljudska univerza Lendava) и Северна Македонија (Центар за доживотно учење Ванчо Прке), за да разговараат за следните чекори во реализацијата на иницијативата.

За време на состанокот, учесниците се фокусираа на финализација на преводот на курикулумот за предавање зелени теми и на планирање на пилот-работилници за идните учесници. Особено внимание беше посветено на пребарувачот за сортирање отпад, за кој изразија задоволство, бидејќи веќе содржи повеќе од 40 различни предмети. Партнерите продолжуваат посветено да работат на натамошната имплементација на проектот, со цел да придонесат кон зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест во заедницата.

Досега подготвените материјали можете да ги пронајдете под „Резултати“.