Со задоволство ве известуваме дека партнерите кои стојат позади проектот “Raising Awareness for a Greener Tomorrow” официјално се состанаа на првиот онлајн состанок!
Претставници од организациите од Хрватска (ЧАКОМ, Отворен граѓански универзитет Чаковец), Словенија (Народен универзитет Лендава) и Северна Македонија (Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Ванчо Прќе) виртуелно се состанаа со цел да го започнат овој 18-месечен проект фокусиран на образование за животната средина.
Во следната година и пол, ќе соработуваме на:
- Спроведување истражување за образование за животната средина и практикки за управување со отпад во нашите држави
- Создавање ресурси како методолошки прирачник и наставна програма за поттикнување на возрасните едукатори и ученици за зелени теми
- Пилот работилници за подигање на свеста за еколошки прашања
- Развивање веб страна и интерактивни алатки за промовирање одржливост
- Со здружување на нашата страст и експертиза, целиме кон опремување на индивидуи и заедници со знаење и вештини да прават еколошко свесни избори.
Следете не за повеќе новости додека се развива нашето патување кон позелено утре!