Доколку вашиот предмет не постои во пребарувачот, ве молиме истиот да го испратите со пополнување на формуларот и истиот ќе биде вклучен во базата со податоци со опис на правилниот начин на отстранување.
Слика генерирана со користење на Craiyon AI.
Електричен кабел
Состав
Кабелот се состои од еден или повеќе проводници, изолација околу секој проводник, метална или пластична обвивка и заштитна обвивка. Кабелските проводници се направени од бакар или алуминиум од електричен квалитет, обично како прамен од повеќе жици.
Влијание врз околината
Електронската опрема содржи ресурси како алуминиум и бакар кои можат да се рециклираат и повторно да се користат, заштедувајќи ги природните и енергетските ресурси и заштитувајќи ја животната средина.
Упатство за отстранување
Фрлете го на места за рециклирање или предадете го на овластен собирач на електричен и електронски отпад.
Интересни факти
Електричната и електронската опрема може да содржи тешки метали и опасни материи, поради што е потребно соодветно отстранување на овој вид отпад!