Доколку вашиот предмет не постои во пребарувачот, ве молиме истиот да го испратите со пополнување на формуларот и истиот ќе биде вклучен во базата со податоци со опис на правилниот начин на отстранување.
Состав
Повеќеслојна (композитна) амбалажа која се состои од пластична фолија однадвор и алуминиумска фолија одвнатре.
Влијание врз околината
Повеќеслојното пакување е исклучително издржливо, па кога се фрла во околината, се акумулира и негативно влијае на екосистемите од кои зависиме.
Упатство за отстранување
Фрлете го во сад за мешан комунален отпад.
Интересни факти
Повеќеслојното (композитно) пакување е направено од два или повеќе слоеви на различни материјали кои не можат рачно да се одвојат и формираат единствена и целосна единица.