Доколку вашиот предмет не постои во пребарувачот, ве молиме истиот да го испратите со пополнување на формуларот и истиот ќе биде вклучен во базата со податоци со опис на правилниот начин на отстранување.
Слика генерирана со користење на Craiyon AI.
Текстилен отпад од домаќинството (облека)
Состав
Текстилот може да има различни композиции – памук, вискоза, полиестер, синтетика итн.
Влијание врз околината
Отпадот од текстил во голема мера завршува во мешан комунален отпад и депонии. Правилното управување со текстилниот отпад ја зачувува животната средина, заштедува енергетски ресурси и значително го намалува оптоварувањето на депониите.
Упатство за отстранување
Фрлете го во соодветен контејнер за текстилен отпад или специјализирани контејнери за отстранување на текстил или на места за рециклирање. Совет: Можете исто така да донирате текстил (облека) на специјализирани здруженија или институции кои ќе го поправаат и повторно ќе го користат донираниот текстил или ќе направат целосно нови предмети за понатамошна употреба.
Интересни факти
90% од текстилниот отпад може повторно да се користи, да се обнови и да се рециклира.