Денес го славиме Светскиот ден на рециклирањето! 18 Март се слави како ден за покревање на свеста и едуцирање на луѓето за влијанието кое рециклирањето го има врз нашата планета. Ангажирање на луѓето од целата планета да споделуваат идеи и да започнат разговор кој ќе инспирира решенија за посветла и одржлива иднина.
Еве неколку едноставни чекори кои можете да ги превземете денес да го направите вашето домакинство позелено:
- Рециклирајте го вашиот отпад
- Исклучете ги светилките кога не сте во просторијата
- Пешачете, возете велосипед или користете јавен превоз почесто
- Избегнувајте користење на пластични шишиња
- Јадете локална храна
- Компостирајте повеќе
- Не јадете месо во понеделник
- Засадете дрво