Драго ни е да споделиме со вас дека партнерскиот конзорциум кој стои зад Еразмус+ проектот „Подигање на свеста за позелено утре“ официјално се собра на третата онлајн средба!
Претставници од хрватските организации (ЧАКОМ, Отворен граѓански универзитет – Чаковец), Словенија (Народен универзитет – Лендава) и Северна Македонија (Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прке“) се собраа за да разговараат за развојот на наставната програма А4 и алатката за пребарување на отпад А5, и да започне со планирање на претстојната средба во Словенија.
Бидете во тек со новостите од нашето патување кон позелено утре!