Оваа недела ја посетивме Словенија во рамки на третиот партнерски состанок од Еразмус+ проектот „Подигнување на свеста за позелено утре“ (RAGT). Проектот RAGT има за цел подигање на свеста за важноста од правилно селектирање и управување со отпадот, нагласувајќи како секој поединец може да даде мал, но значаен придонес кон одржливоста на животната средина.










Досега, проектниот тим разви неколку резултати:
- Извештај за моменталната состојба на практиките за управување со отпад во Словенија, Хрватска и Северна Македонија;
- Методолошки прирачник за ефективно предавање на зелени теми;
- Интерактивна алатка за пребарување која им помага на корисниците правилно да го селектираат отпадот.
Сите овие проектни резултати се достапни во делот „Резултати“.
Главниот фокус на состанокот беше на курикулумот кој е развиен за зголемување на свеста и вештините поврзани со еколошки теми кај возрасните ученици. Исто така, разговаравме за претстојната пилот-фаза на имплементација на курикулумот во трите партнерски земји.
Како дел од активностите на состанокот, посетивме локално комунално претпријатие за управување со отпад, каде од прва рака добивме увид во практиките за управување со отпад во Словенија.
Како што проектот се приближува кон крајот, со задоволство наскоро ќе ја споделиме финалната верзија на курикулумот, која ќе биде достапна на англиски, хрватски, словенечки и македонски јазик.
Останете со нас за дополнителни новости!